АНБ имала информации дека се подготувал за бегство: Приведен бизнисменот Орце Камчев

Фото:Слободен печат/Арбнора Мемети

Познатиот скопски бизнисмен Орце Камчев утрово е приведен во полиција, потврдија за „Слободен печат“ извори од Министерството за внатрешни работи (МВР). Причина за апсењето се информациите што ги имала Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека се подготвувал за бегство од земјава.

За апсењето веднаш е информирано Обвинителството за гонење корупција и организиран криминал и се очекува да биде изведен пред суд и да биде побарана мерка притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата „Плацеви на Водно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот