АНАЛИЗА на Институтот ИФИМЕС: Украина стана полигон за тестирање нови и стари оружја

Руско оружје, Фото: Архива

Украина денес е и идеално поле за тестирање на издржливоста на старите и напредокот на новите конвенционални оружја и од двете страни. На бојните полиња се докажа дека човекот се уште е незаменлив фактор а артилеријата е оружје за сите времиња. Она што е исто така непобитен факт е дека тенкот како оклопно оружје сепак не е мртов додека дроновите ја превземаат главната улога во залезот на ерата на јуришните авиони и хеликоптери.

Ова се дел од заклучоците на последната анализа на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана. Во опсежната стручна опсервација на институтот од Словенија кој редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток и на Балканот меѓудругото се наведува дека и покрај сите критики Путинова Русија дефинитивно има направено огромен технолошки напредок и скоро се има врстено на славните патеки од Студената војна. Но за нивна жал, а за среќа на нивните противници се уште ни малку не можат да парираат на Западнната ПР пропаганда кои ја добиваат војната уште пред да почне во Украина.

ИФИМЕС пишува дека веќе осми месец во Украина се води крвава братоубиствена војна за која никој не може да предвиди кога и како ќе заврши. Големите сили уште еднаш копјата ги кршат врз грбот на неутрелните држави и народи кои се принудени да водат туѓи битки. Светот е поделен во подршката према едната и другата страна така да тешко е да се најде објективна анализа за причините, текот и евентуалниот исход на војната. Па така според словенечкиот институт украина денес е и идеално поле за тестирање на издржливоста на старите и напредокот на новите конвенционални оружја и од двете страни.

Руски хеликоптери – фото МИА

Залез на ерата на јуришните авиони и хеликоптери

Една од првите драматични сцени според институтот кои ги видовме уште во февруари оваа година беше хеликоптерскиот десант на руските јуришни хеликоптери Ка-52 (Алигатор) врз аеродромот Антомов во близина на Киев. Точно е дека сериозната формација од близу педестина вакви летала во рок од само неколку минути ја масакрира украинската одбрана оставајќи преку 200 мртви на сите страни. Веројатно охрабрени од овој успех руската армија почна да ги користи хеликопетрри Ка-52, Ми-28 и донекаде и Ми-35 за пратење на големите тенковски колони кои на почетокот на војната ги напаѓаат Киев и Харков. Но наеднаш се случи пресврт и шок. Најмодерните светски хеликоптери почнаа да паѓаат како круши и динамиката на нивните загуби беше поголема дури и од онаа на тенковите Т-72 кои само во првите неколку недели од војната настрадаа со илјадници.

Фото: ЕРА

Дроновите ја преземаат главната улога

Сепак ако постои поединечно оружје кое е апсолутен МВП на оваа војна тоа секако е дронот, особено оние од турско и иранско производство. Институтот до Љубљана наведува дека не дека е тоа некое којзнае колку ново оружје со оглед на фактот дека беспилотни летала се произведувале уште во Советскиот сојуз, но новите верзии кои се многу побрзи и најважно од се многу поевтини за производство навистина може да ја преземат улогата на јапонските камикази од Втората Светска Војна. Поединечно гледано Русите го имаат најдобриот тешко наоружен дрон на светот во моделот на Сухој С-70 (Охотник). Но неговото производство е поеднакво скапо и комплицирано како производството на еден ловец бомбардер од петта генерација (Су-57), а можеби и поскапо. Така да Русија уште долго, а можеби и никогаш ќе ја нема таа слобода да има цели роеви од овие супер дронови. Од друга страна моделот Бајрактар кој го користат Украинците чини нешто повеќе од обичен комерцијален дрон и за негово производство се потребни едвај неколку недели. Станува збор за приватна турска фирма која оваа компанија направи вистинска револуција во војувањето, наведува ИФИМЕС.

Тенкови /Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Тенкот сепак не е мртов

Стотината километри колку го делат Киев од границата со Белорусија станаа вистински гробишта на најпознатите советски, а веројатни светски тенкови Т-72. Лесно или средно блиндираниот тенкт движејќи се во праволиниски колони стана идеална мета за илјадниците рачни противоклопни лансери Џавелин со кои САД со години ја снабдеваше украинската армија. Очигледно некој генерал во Пентагон прецизно предвидел што ќе се случува во Украина и за “новопечените” сојузници го обезбедил идеалното оружје кое може да им нанесе најмногу штета на вечно омразените Руси.

Но иако рускиот генералштаб скапо го плати првиот дел од војната – набрзо се констатира дека брзото напредување во вакви услови на теренот не е можно па тенковите почнаа да се користат многу поразумно. Односно почнаа да се користат токму за она за што се наменети како втор бран за напад после авијацијата, ракетите и тешката артилерија и особено како идеално средство за држење на веќе освените позиции.

Украинска војска во Изјум / Фото: Photo Archive

Човечкиот фактор е се уште незаменлив

Сепак и покрај сета техничка доминација која Русија ја има во целиот конфликт особено на почетокот на интервенцијата сепак изгледа дека барем засега ја губи оваа војна. Што се случува? ИФИМЕС забележува дека очигледно светот се уште не е дојден до тој технолошки стадиум (можеби и никогаш нема да дојде) кога техниката ќе е поважна од човечкиот фактор. Во Украина уште од 2004, а особено после 2014 професионално се работеше на подигање на засебното национално чувство секако со скриена цел што поголемо одалечување од Русија.

Па така слободно може да се каже дека ако оваа војна се водеше во 1996 година па дури и во 2006 та руското знаеме за многу брзо време ќе се вееше на Мајдан. За Харков, Запорожје и Одеса не треба ниту да споменуваме таму немаше да се водат ниту бобри (слично како на Крим во 2014). Но според словеченчкиот институт работите се менуваат и тоа некој на Запад го предвидел, ако не и предизвикал што значи дека Русите уште во старт влегоја во една многу голема стапица. Наивно е да се верува дека нивните прочуени разузнувачки служби до толку погрешиле во проценките што значи дека веројатно морале да влезат во оваа однапред изгубена војна по секоја цена. Колку и да звучи неверојатно сега Русите навистина водат војна со народот на Украина кој до пред само неколкку децении во огромна мера се чувствувал за руски или проруски. Па така војната наместо да го запре тој јаз предизвика уште поголема штета, стои во последната анализа на институтот ИФИМЕС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот