Ана Николиќ и Софија Вергара ја имаат истата чанта по која полуди цел Инстаграм! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Добро познатата балканска пејачка Ана Николиќ и најдобро платената телевизиска актерка Софија Вергара, како и многу голем број од жените, ниту тие не можат да им одолеат на убавите чанти. На своите богати колекции го додадоа и овој најбаран модел годинава, чантата „The Pouch“, од италијанската модна куќа Ботегa Венета.

Ботега Венета брендот и нивниот дизајнер Даниел Ли, оваа година дефинитивно ја заслужија титулата „творци на најпопуларната чанта“. Тоа е чанта со необичен изглед на „обична вреќа“ или „парталче“ во сите бои која веќе ги полуди сите, така што Инстаграм е преплавен со фотографии од истата.

Принтскрин

Помеѓу среќничките кои успеаа да ја купат и покрај цената од 2.100 евра се најде и пејачката Ана Николиќ.

View this post on Instagram

#workinprogress .. ?

A post shared by ??? ??????? (@ananikolicofficial) on

За големата популарност на оваа чанта должна е и можноста истата да се набави во скоро сите можни бои, но дизајнот е сепак тој кој ја освои публиката.

Како собрана вреќа или „мек облак“ како што некои инфлуенсерки сакаат да ја наречат, толку слатко лежи во раката, а на толку мек материјал што буквално нема да сакате да ја испуштите од раката.

View this post on Instagram

Paris night with ❤️❤️❤️??

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

И додека Ана е горда сопственичка на оваа чанта во беж боја, Софија Вергара има кафена верзија од истата.

Како ви се допаѓа вам најпопуларната чанта за оваа сезона?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот