АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ГО ОДОБРИ ПРЕДЛОГОТ: Русија ќе биде назначена како спонзор на тероризмот?

Одборот за надворешни работи на американскиот Сенат поддржа нацрт закон со кој државниот секретар има право да реши дали Русија е спонзор на тероризмот, изјави денеска портпаролката на Одборот, Сузан Рес.

Покрај тоа, државниот секретaр треба да одлучи дали руските вооружени формации во источна Украина се „странски терористички организации”.

Предлог законот ќе стапи во сила по изгласување во двата дома на американскиот Конгрес, а после тоа треба да биде потпишан од претседателот на САД. Ако предлог законот биде одобрен од Конгресот, државниот секретар треба во рок од три месеци да донесе одлука.

Во списокот земји спонзори на тероризмот засега се Иран, Северна Кореја, Сирија и Судан. Меѓу другото, санкциите за овие земји предвидуваат ембарго за продажба на оружје и блокирање на работата на банките со партнери од други земји. Сите држави и ентитети кои склучуваат трговски договори со тие земји можат да бидат санкционирани.

Вашингтон размислува да ја додаде и Русија во списокот на земји спонзори на тероризмот, откако Москва започна воената операција во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот