Американската скијачка Шифрин со рекорд го закити триумфот на слаломот во Леви

Микаела Шифрин постави рекорд во Светскиот куп/Леви, Финска/19 ноември 2022/фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Микаела Шифрин е победничка во слаломот во рамките од Светскиот куп во Леви. Американката стигна до својата 75 победа на Светскиот куп славејќи за 16 стотинки пред Швеѓанката Ана Свен Ларсон.

За американската скијачка ова беше нејзина 67 победа во дисциплината и со тоа го собори рекордот по број на победи во една дисциплина што го држеше Линдзи Вон.

Словачката Петра Влхова го освои третото место со 20 стотинки зад Шифрин.

Лена Дуер од Германија, најбрзата по првото возење, заврши на четвртата позиција (+0,075).

Во недела во Леви е закажан уште една слаломска трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот