Американската економија лани порасна за 5,7 отсто, највисоко ниво од 1984 година

Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Во 2021 година, американската економија забележа најголем раст на бруто домашниот производ (БДП) во изминатите речиси 40 години, брзо закрепнувајќи од кратката, но разорна рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

БДП на САД минатата година порасна за 5,7 отсто, што е најголем пораст од 1984 година, кога вкупното производство на стоки и услуги порасна за 7,2 отсто. Американската економија во последниот квартал од 2021 година оствари неочекувано брз раст од 6,9 отсто, соопшти  Министерството за трговија. Економијата на САД се очекува да забави оваа година, поради зголемената инфлација и континуираното ширење на коронавирусот.

Многу економисти ги намалија своите прогнози за првиот квартал од 2022 година поради брзото ширење на сојот Омикрон. Меѓународниот монетарен фонд објави дека БДП на САД ќе порасне за четири проценти во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот