Амди Бајрам: Шеќерот си го направи своето, ми ја ампутираа десната нога до колено
Слободен печат
Пред
Фото: Фејсбук
Не знаеме што може да ни донесе животот, затоа се вели дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање, вели пратеникот Амди Бајрам за „Фокус“.
Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (63), деновиве во домашна атмосфера закрепнува по ампутацијата на ногата. За ,,Фокус” во телефонски разговор раскажува дека операцијата се случила пред 15 дена, и како секој ден се чувствува подобро.
-Шеќерот си го направи своето, ми беше ампутирана десната нога, до колено. Се чувствувам добро сега, дома сум, моето големо семејство е покрај мене, сите се грижат за мене и ми годи нивното внимание и љубов. Не знаеме што може да ни донесе животот, затоа се вели дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање. Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам протеза. Знам дека нема да биде лесно, ќе се учам повторно да чекорам, ама отсекогаш сум бил борец, за мене предавањето не е опција. Ќе застанам на нозе повторно, и со нови сили се враќам на политиката. Останувам претседател на Сојузот на Ромите, моето место е таму, ова е само една епизода од животот – вели пратеникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Основачот и почесен претседател на НСДП, долгогодишен политичар, пратеник и претседател на Собранието, претседателски кандидат на СДСМ во 1999 година – Тито Петковски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга со Петковски, со оглед на неговото големо …