Амбасадорот Маркоски оствари средба со албанскиот прв парламентарец Ручи

 Претседателот на албанскиот парламент, Грамоз Ручи, го прими Данчо Марковски новиот амбасадор на Северна Македонија, во оваа земја.

Откако, на амбасадорот Марковски, му посакал успех на новата функција, Ручи, истакнал дека „односите меѓу Албанија и Северна Македонија се многу добри и оти доказ за овој факт е периодичната размена на посети на високо ниво”.

– Посветеноста на нашите две земји кон европските и евро-атлантските вредности, почитувањето на човековите права и слободи за сите, вклучително и малцинствата, како и спроведувањето на меѓународните стандарди во развојот на односите меѓу слободните и суверени држави, на соработка меѓу нашите земји и дадоа одржливост на долгорочна перспектива, рекол албанскиот прв парламентарец, стои во соопштението од неговиот кабинет.

Посочил дека Албанија и Северна Македонија денес се партнери во НАТО и во довербата, одлучноста и трпеливоста кон Европската унија.

– Ние мора да ја зајакнеме соработката и да ги здружиме силите да се еманципираме себеси и регионот, на патот кон европското семејство, посочил Ручи.

Амбасадорот Марковски истакнал дека ќе се ангажира во згоемување на политичката соработка и во процесот на европска интеграција, како и на растот на економските и трговските односи меѓу двете земји, со цел да се подигнат на нивото на политичката соработка.

Двајцата соговорници разговарале и околу аспектите на парламентарната соработка и парламентарната дипломатија.

Амбасадорот Маркоски на 26 декември му ги предаде акредитивните писма на шефот на државата Илир Мета, кој му посака успех на амбасадорот Марковски во неговата дипломатска мисија во Албанија, во „корист на понатамошното зајакнување на многу добрите односи меѓу двете земји и нашите народи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот