Алијанса за Албанците: Одлуката на Апелациониот суд за ослободување на Орце Камчев од притвор е скандалозна

Фото: СП. / Драган Митрески

Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција ја оцени како скандалозна одлука на Апелационен суд за ослободување од притвор на бизнисменот Орце Камчев.

Според нив, ослободувањето од притвор е направено со парите на граѓаните.

– Деновиве во земјата медиумите известија за уште една друга скандалозна одлука на Апелациониот суд во Скопје. Се ослободува уште еден соработник на претходниот режим и на актуелниот хибриден режим предводен од Ахмети-Мијалков-Заев. На ист начин, како и многу други криминалци и Орце Камчев си ја купи слободата, еден од главните обвинети за најтешките дела на злоупотреба на парите на граѓаните. Камчев, исто како и Мијалков, си ја купува слободата токму со парите за кои постои сомнение дека ги има украдено од вашите џебови. Овој случај како и во претходните случаи, само го потврдува тоа што ние го констатираме со години. Во Северна Македонија мафијата создаде држава, мафијата добива државјанство, додека граѓаните коишто немаат 11 милиони евра се држат невини по затворите, истакна на прес-конференцијата Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците.

Тој порача дека правдата доцни, но, не заборава, како и дека сите што треба еден ден, ќе одговараат, а невините граѓани ќе ја почуствуваат и уживаат слободата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот