Албанија со нов дневен рекорд на новозаразени: Потврдени 123 позитивни случаи, пет лица починаа

Албанија и понатаму со негативни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19. По вчерашните 120, денеска се потврдени 123 новозаразени, што е највисока бројка за едно деноноќие од почетокот на епидемијата во земјата на почетокот на март.

– Во последното деноноќие од направените 474 тестови, позитивен резултат е добиен кај 123 од нив. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 57, а за жал ја изгубија пет пациенти, на возраст од 47 до 72 години, тројца од Скадар и двајца од Тирана, информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита.

Албанската метропола продолжува да биде главно жариште на болеста. Од последно потврдените нови случаи половина се токму од Тирана, каде се и половина од активните случаи или 1.285 лица.

Со последно потврдените случаи, вкупната бројка на заразени сега изнесува 5.519, од нив оздравеле 3.018, а починале 166 додека активни на болеста се 2.335. Во двете ковид болници се третираат 120 пациенти, од нив 24 се во тешка здравствена состојба.

Од Министерството информираат дека 28 летни здравствени центри, со лекар и медицинска сестра обучени и за Ковид-19, се на располагање на туристите, каде може да добијат информација или услуга во текот на 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот