Албанија протера припадник на иранската тајна служба и го предаде на грчките власти

Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

Припадник на иранската тајна служба, кој бил инфилтриран во кампот на муџахедините во Манез кај Драч, протеран е од Албанија и предаден на грчките власти, јави Топ чанел телевизија.

-Ехсан Биди (43) во Албанија влегол на 16 октомври 2013 година со иранска патна исправа издадена од МОИС/Вевак заедно со контингентот од две илјади муџахедини кои од „кампот на слободата” од Ирак беа трансферирани во кампот кај Тирана. Неговото доаѓање имало за цел формирање ќелија на шпионска мрежа меѓу членовите на ПМОИ/МЕК, наведува телевизијата.

Целта на неговата мисија била „обезбедување неопходни информации и отворање пат за идни терористички напади”.

Пред да пристигне во Албанија со муџахедините, тој во средината на 2012 година заминал во Турција а потоа и во Египет, со фалсификувана патна исправа. Пред да пристигне во Албанија тој престојувал и во Романија.

Во последните години прогласени за непожелни и протерани од Албанија се околу 80 странци, главно ирански државјани, поради сомнителни активности.

На крајот од декември 2018 година беше протеран амбасадорот на Исламската Република Иран, Голамхошеин Мохамадниа и уште еден дипломат од амбасадата во Тирана зашто биле влучени „во активности кои се закана по безбедноста во земјата”.

На 22 јули година беше протеран Даниел Касра (29) осомничен дека е агент инфилтриран од иранското Министерство за разузнавање. Според извештајот на секторот за антитероризам, овој граѓанин е класифициран како опасно лице кое ја нарушува јавната безбедност на Албанија.Тој беше депортиран во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот