Ал-Келаифи е убеден: Мбапе ќе ја освои „Златната топка“ како играч на ПСЖ

Килијан Мбапе од 1 јануари 2022 година ќе може да преговара со сите заинтересирани екипи/ фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се надева на продолжување на преговорите за нов договор со Килијан Мбапе кој досега ги одби сите нивни понуди.

– Се надевам дека Килијан ќе ја освои „Златната топка“ како играч на ПСЖ – изјави Ал-Келаифи по вчерашната церемонија на која Лионел Меси по седми пат беше прогласен за фудбалер на годината во изборот на „Франс Фудбал“.

Со овие зборови, Ал-Келаифи ги подгреа надежите на навивачите на ПСЖ дека Килијан Мбапе на кого идното лето му истекува договорот, ќе остане на „Паркот на принцевите“.

– Се надеваме на такво сценарио Килијан е одличен играч, голем човек и знае што треба да прави – додаде првиот човек на ПСЖ.

Изминатото лето, Мбапе би извести челниците на ПСЖ дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид и ги одби сите понуди за нов договор кој му истекува во јуни 2022 година. Но, ПСЖ не му ја исполни неговата желба и ја одби понудата на Реал тешка 180 милиони евра иако се свесни дека наредното лето можат одличниот напаѓач да го загубат бесплатно.

За еден месец, од 1 јануари 2022 година, младиот фудбалер ќе може слободно да преговара со сите заинтересирани екипи, а шпанските медиуми сметаат дека работата е завршена бидејќи Мбапе веќе се договорил со претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез и од идната сезона ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот