Актерката Селма Хајек денес полни 54 години: Изгледа подобро од кога било (ФОТО)

инстаграм

Селма Хајек наполни 54 години. Актерката годинава реши да го прослави својот роденден во костим за капење и на Инстаграм објави фотографија на која ја истакна својата витка фигура.

„Погодете ќе наполни 54 години утре“, напиша Селма вчера споделувајќи фотографијата на која позира во едноделен костим за капење кој го закити со марама и гламурозни очила и шешир.

Иако е во шестата деценија, Селма изгледа фантастично и го негува здравиот начин на живот.

„Некои луѓе развиваат навика да тренираат наутро, јас не успеав во тоа“, призна таа за списанието „Пипл“.

Затоа таа работи на своите мускули во текот на целиот ден, претежно вежбајќи јога.

Фото: Инстаграм

„Дури и кога ги миете забите, работете со вашите мускули“, потенцира актерката.

Покрај тоа, Селма тренира пет до седум пати на ден со различни форми на вежбање, од пилатес до ХИТ тренинзи.

Селма Хаек заигра, а Антонио Бандерас ѝ напиша: „Оле“! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот