Актерката Маја Вељковиќ-Пановска нов в.д. дирекор на Драмски театар Скопје

Фото: Википедија

Актерката Маја Вељковиќ-Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје (ДТС). Доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска-Хаџи Василева која, како што соопшти ДТС, се повлекува од лични причини.

Маја Вељковиќ-Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година, има остварено повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ земјава, а во Драмски е вработена од 1999 година. Покрај театарски улоги, има учествувано и во филмови: „Последниот фалцер“ (2000); „Големата вода“ (2004); „Бардо“ (2012); „Незрели цреши“ (2015).

Добитник е на наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката” на фестивалот „Војдан Чернодрински “ во 1999; а на овој фестивал во 2002 ја добила и Наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“.

Со своето богато професионално искуство, Маја Вељковиќ-Пановска несомнено ќе даде значителен придонес во реализацијата на програмата за работа и унапредување на театарската дејност во националната установа.Колективот на Драмски театар изразува благодарност на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева која од вработувањето во 1983 година е член на ансамблот на Драмски театар Скопје, наведува ДТС во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот