Ако ви е здосадено од печени компири: Палачинките милкаос се совршен прилог или мезе

Милкаос, Фото: Instagram

Милкаос е традиционално чилеанско јадење кое се состои од рендан компир, пире од компири и обично маст и зачини, и е еден вид палачинка од компир. Овие палачинки од компир се користат како важен дел од јадењата реитимиентo(свежо приготвено прасе) и куранто(гозба од морска храна и месо). Во денешно време, постојат многу варијации на милкаос-пржени, печени во рерна, готвени на пареа, варени, засладени или збогатени со чихароне(пржена сланина).

Потребни состојки:

– 450 г компири, варени и испасирани
– 450 г сирови компири, излупени и рендани
– 2 лажици путер
– 1 голем кромид, исечен на тенки парчиња
– сол и црн пипер
– 1/4 чаша масло

Фото: Instagram

Начин на подготовка:

– Прво, добро исушете го ренданиот компир со крпа. Гответе го кромидот во тава со путер 5 минути додека кромидот не се карамелизира.

– Во сад, измешајте го пирето со рендан компир додека не добиете тесто. Зачинете со сол и бибер по вкус. Формирајте топчиња со тестото од компир и направете дупка во средината со прстите. Наполнете го со приближно 1 лажичка мешавина од кромид, или со вашиот омилен фил. Затворете го филот така што ќе направите мали палачинки.

Загрејте го маслото во нелеплива тава на средно висока температура. Пржете ги палачинките во маслото во серии и намалете ја топлината на средна. Гответе до златно кафеава боја, приближно 3 минути. Превртете ги и гответе додека не поруменат од другата страна, приближно уште 3 минути. Префрлете ги на хартија за да се исцедат од маслото.

Фото: Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот