Ако не можете да си најдете маж, прочитајте ги овие 129 пресмешни совети за жени од далечната 1958 година

На социјалните мрежи станаа вирални култни 129 совети од 1958 година за пронаоѓање маж, а многу од нив се навистина комични.

Советите се објавени во американскиот магазин McCallis од 1958 година, а тврдат дека на секоја девојка ќе ѝ помогнат да си најде сопруг.

принтскрин
принтскрин

 

Автори на написот се Џан и Џун Робинс, а на почетокот е наведено дека тим од 16 стручњаци користеле техника која инспирирала илјадници одлични идеи кои би требало да помогнат на подрачјето на љубовта и бракот.

Некои од советите сигурно ќе ве насмеат. Прочитајте ги.

– Набави куче и шетај го.

– Колата нека ти се расипе на стратешко место.

– Подобро оди на повеќе кратки одмори на различни места отколку на еден подолг одмор на едно место.

– Седни на клупа во парк и храни ги гулабите.

– Засопни се кога влегуваш во собата во која е тој.

– Биди добра кон сите, може имаат брат или син за тебе.

– Кажи им на пријателките дека си заинтересирана за мажење, немој да криеш.

– Не прифаќај работа во фирма во која повеќето вработени се жени.

– Носи завој, луѓето секогаш ги интересира што ти се случило.

– Застани во аголот и тивко плачи. Големи се шансите дека ќе дојде до тебе и ќе те праша што се случило.

– Купи си кабриолет, мажите сакаат да се возат во кабриолети.

– Случајно нека ти падне ташната и сè нека испадне на улицата.

– Грижи се за своето здравје, мажите не сакаат болежливи жени.

– Ако изгледаш добро во џемпер, носи го на секој трет состанок.

– Слободно изгори на сонце.

– Испрати ѝ честитка за роденден на неговата мајка.

– Научи да шиеш и облечи нешто што сама си направила.

– Ако оди на риболов, научи да чистиш риба.

– Дознај нешто за неговите бивши девојки со кои не се оженил, немој да ги повторуваш нивните грешки.

– Научи да играш покер.

– Кажи му дека смртноста кај самците е двапати поголема отколку кај оженетите мажи.

– Набави дозвола за лов.

– Прочитај ги некролозите за да најдеш вдовци.

– Тргни со велосипед низ Европа.

– Биди љубезна кон грдите мажи.

– Изгуби се на фудбалски натпревар.

– Носи потпетици, освен ако не е понизок од тебе.

– Ако треба почни со диета.

– Пред огледало вежбај контакт со очите.

– Не се мажи со него ако му фалат премногу копчиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот