Акција на црногорската полиција: Уапсен македонски државјанин во Будва кој се барал со меѓународна потерница

Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Црногорската полиција во Будва го уапси Г.С. (42), државјанин на Македонија, по кого македонските власти имаа распишано меѓународна потерница за издржување на казна затвор во траење од четири години за кривичното дело измама.

– Лицето при апсењето поседувало лични документи со своја фотографија, меѓутоа со други податоци. Г.С. ќе биде изведен пред надлежен истражен судија на Вишиот суд во Подгорица, се наведува во соопштението на црногорската полиција.

Според полициски извори, апсењето на Г.С. е плод на координирана акција на криминалистичката полиција во Будва, во соработка со службеници од Одделот за Меѓународна оперативна полициска соработка Интерпол-Еуропол-Сирена во Секторот за борба против криминалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот