Акционерите објаснуваат: Како „Топлификација“ од профитна компанија стана фирма во стечај?

топлификација скопје
Топлификација / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во однос на тоа како тогаш „Топлификација“ од профитна компанија станала фирма во стечај чиј имот се продава од стечаен управител, Хаџимишев вели дека тоа е резултат на лажниот стечај што ТЕ-ТО си го организирал сам на себе, за да отпише побарувања и така да не ги плати долговите што ги има кон „Топлификација“

Дел од имотот, а не АД „Топлификација“, се продаде на јавно наддавање организирано од стечајниот управник, на кое се појавија Ванчо Ч. и  Никола Д., по што Ванчо Чифлиганец обелодени дека неговата компанија „Адора“ го купила имотот, појаснува во разговорот во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Димитар Хаџимишев, претставник на Здружението на граѓани акционери во Топлификација и човек што со години беше познат како директор на компанијата.

Тој потенцира дека од 1994 година до стечајот на „Топлификација“ компанијата секогаш била во добивка.  Во однос на тоа како тогаш „Топлификација“ од профитна компанија станала фирма во стечај чиј имот се продава од страна на стечаен управител, Хаџимишев вели дека тоа е резултат на лажниот стечај што „ТЕ-ТО“ си го организирал сам на себе, за да отпише побарувања и така да не ги плати долговите што ги има кон „Топлификација“ . Без тие пари, „Топлификација“ не можела да ги исполни своите обврски кон Комерцијална банка и така стигнала до стечај.

Хаџимишев вели дека во врска со случајот меѓу „ТЕ-ТО“ и „Топлификација“ сè уште се водат судски постапки и дека правдата ќе се бара и пред Европскиот суд за човекови права за неизвршување на обврските од страна на институциите.

Деталите околу спорот меѓу „Топлификација“ и „ТЕ-ТО“, од свој агол, на официјалната страница на „Топлификација“ АД, ги опишува Здружението на граѓани акционери во „Топлификација“, кое поентира дека „Тековната продажба на дел од имотот на Топлификација, со оглед на текот на оваа постапка и учесниците во постапката, ќе биде предмет на процесна постапка во наредниот период“.

„Топлификација“ е малцински акционер во „ТЕ-ТО“

„Топлификација“ АД во соработка со странскиот партнер во периодот 2007-2011 година го реализирала првиот приватен енергетски објект во регионот „ТЕ-ТО“ АД во кој симултано се произведува електрична и топлинска енергија. Вредноста на целата инвестицијата за изградбата на „ТЕ-ТО“ е околу 170 милиони евра, а „Топлификација“ е малцински акционер во „ТЕ-ТО“ и поседува 10,8 проценти од акциите.

Набргу, односно во август 2013 година, „Топлификација“ излегува со соопштение на Македонската берза дека ќе го тужи „ТЕ-ТО“, бидејќи не го плаќаат долгот врз основа на вложувањето од страна на „Топлификација“ како коинвеститор во вредност 22 милиони евра, ниту пак каматите на долгот.

„Дел од заемите преку кои се инвестирани овие 22 милиони евра во „ТЕ-ТО АД“ достасаа за наплата во текот на 2012 година, а сите заеми достасуваат за наплата до крај на 2013 година. Во текот на 2012 година почна обврската за отплата на кредитот во висина од 10,5 милиони евра кој преку заеми „Топлификација АД“ ги инвестираше во „ТЕ-ТО“. Топлификација започна и судска постапка за наплата на дел од овој долг бидејќи „ТЕ-ТО“ за достасаните заеми не ги плаќа фактурираните камати и не ги продолжи договорите за заем. Наплатата на дел од достасаните заеми кои „Топлификација“ ги дала на „ТЕ-ТО“ е неопходна и поради обврската за враќање на кредитот кон Комерцијална Банка во висина од 10,5 милиони инвестиран преку заеми“, пишуваше во информацијата објавена на Берзата.

Во врска со овој случај „Топлификација“ информира: „Во декември 2017 година со пpecудa на Врховниот суд на PCM Топлификација АД го добива клучниот судски процес со ТЕ-ТО АД. Согласно одлуката на Врховниот суд и согласно јавното признание на ТЕ ТО АД фирмата треба да исплати на Топлификација АД 28 милиони евра со пазарни каматни стапки заклучно со 1.3.2018 година“.

„ТЕ-ТО“ барал стечај на „Топлификација“

По одлуката на Врховниот суд се случува лажниот стечај на „ТЕ-ТО“, велат акционерите:

„Со помош на моќни структури во државата ТЕ-ТО АД реализира стечај самиот на себе и отпишува долгови на ТЕ-ТО АД во висина од над 150 милиони евра, користејќи спогодби помеѓу заинтересирани страни. Постапката пpeку која се реализира оваа активност не може да се спроведе без согласност на Топлификација АД како малцински акционер во ТЕ-ТО АД.“

Оттаму велат дека во врска со незаконскиот стечај на „ТЕ-ТО“ АД поднесени се четири кривични пријави во Основното јавно обвинителство и во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Подносители се Топлификација АД, Управата за финансиска полиција, акционери на Топлификација АД и странски инвестиционен фонд. „Иако сите четири кривични пријави беа темелно обработени надлежните обвинителства ги одбија пријавите“, тврдат акционерите.

„На крај на април 2018 година кога раководството на ТЕ-ТО АД е сигурно дека незаконскиот стечај на ТЕ ТО АД ќе биде реализиран, со што на Топлификација АД ќе и бидат незаконски отпишани над 35 милиони евра, мнозинскиот акционер на ТЕ-ТО АД бара стечај на Топлификација АД за долг од 1 милион евра.  Висината на долгот е ирелевантна бидејќи со отписот на побарувањата на Топлификација од ТЕ ТО АД, Топлификација АД нема ресурси да ги плати обврските кон Комерцијална банка од над  17 милиони евра (долгот со камата н.з.)“, вели Здружението на акционери.

Бројки

Висината на долгот е ирелевантна бидејки со отписот на побаруваіъата на Топлификација од ТЕ ТО АД, Топлификација АД нема ресурси да ги плати обврските кон Комерцијална Ьанка од над 17 милиони евра.

Во постапка пред Државната комисија за спречуваі-ье корупција ДКCK, која се води во 2019 и 2020 година покрај другите незаконитости реализирани од извршната власт, ДКСК посочува на незаконски План за реорганизација во постапката на незаконскиот стечај на ТЕ ТО АД. Незаконитоста на Планот произлегува од фактот што во него не е предвиден главниот трошок во висина од над 17 милиони евра за плаќање на данокот на добивка кој произлегува од отписот на долговите на ТЕ ТО АД во висина од 1Ѕ0 милиони евра.

Незаконскиот План за реорганизација директно повлекува незаконски стечај на ТЕ ТО АД бидејки

основната активност во Планот за реорганизација е отписот на побарувања, а главниот трошок во Планот за реорганизација кој произлегува од данокот на добивка не е опфатен. Врз основа на овие факти за стечајниот управител беше подготвен допис кој требаше да се испрати од него како единствено овластено лице на Топлификација АД во стечај до стечајниот судија во постапката на стечај на ТЕ ТО АД. За жал до денеска дописот до стечајниот судија на стечајот на ТЕ ТО АД не е испратен. Поради ваквото однесувагье на стечајниот управител поднесени се соодветни пријави до надлежните органи.

Проценетата вредност на Топлификациіа АД во стечаіната постапка на оваа фирма, без побарувањата од ТЕ ТО АД по основ на пресудата на Врховниот суд е над 30 милиони евра.

Вкупната вредност на Топлификациіа АД како проценета вредност на имотот и побаруваіъата кон ТЕ ТО АД по основ на пресУдата на Врховниот суд се над 63 милиони евра на денешен ден.

Вкупните долгови на Топлификација АД се околу 20 милиони евра. Во oeaa вредност е калкулиран долг кон Комерцијална Банка од над 17 милиони евра.

Во моментот се во тек повеќе процесни постапки поврзани со незаконитостите во стечаlните постапки на ТЕ ТО АД и на Топлификациіа АД и со непостапуваі-ье на надлежните државни органи во овие стечаіни постапки. Дел од qроцесните постапки се пред домашните надлежни органи, а две постапки се подготвуваат за судските институции надвор од државата. Тековната продажба на дея од имотот на Топлификација, со оглед на текот на оваа постапка и учесниците во постапката йе биде предмет на процесна постапка во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот