Ахмети: Заедничката владина седница меѓу Македонија и Косово треба да е историска

Али Ахмети
Али Ахмети / Фото: МИА

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во интервју за новинаската агенција „Косовапрес”, вели дека заедничката владина седница меѓу Македонија и Косово, која поради политичките околности во Приштина не се одржи досега, треба да биде историска и во полза на двете земји.

„Поради вонредните околности што беа создадени на Косово, не беше можно оваа средба да се одржи. Значи, по конституирањето на новата Влада во Косово, останува да се процени моментот кога ќе се одржи заеднички состанок помеѓу нашите две влади, на Косово и Македонија. Тоа е за доброто на двете земји, тоа е момент што треба да се искористи и спроведе во корист на граѓаните на нашите две земји”, истакна Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот