Ахмети веќе е во штабот во Мала Речица, се очекува обраќање на Османи

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, Фото: Слободен печат

Во штабот во Мала Речица по завршувањето на изборниот молк се очекува со првични информации од изборниот ден да се обрати портпаролот на партијата, Бујар Османи.

Во партиското седиште веќе се присутни лидерот на ДУИ Али Ахмети и партиските функционери Артан Груби, Бујар Османи, Назим Буши и други.

Во Тетово, според податоците на ДИК, досега гласале вкупно 85.577 гласачи, односно излезноста е 41,30 посто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот