Ахмети: На овој ден изразуваме солидарност со семејствата на настраданите во земјотресот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со положување цвеќе пред споменикот Скендербег денеска беше одбележан Денот на албанското знаме, и воедно им беше одададена почит на загинатите од земјотресот во Албанија.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на свеченоста рече дека денешниот ден е голем ден за сите Албанци, ден за потсетуваме на сите жртви на Албанците низ генерации за слобода, правда, еднаквост, национални симболи, јазик и знаме.

– Но, на овој ден со емоции изразуваме солидарност со семејствата на сите кои ги загубија животите во земјотресот во Албанија. Истовремено, им искажуваме поддршка на оние кои преживеаја, но исто така ги охрабруваме и сите оние од нашата држава што помогнаа и спасија човечки животи- рече Ахмети.

Тој информира дека од тука продолжуваат во тука оди во Глоговац каде ќе присуствува на откривањето на статуата на Шабан Јашари со неговите синови Адем и Хамза, а потоа продолжува во Туман и Драч каде ќе се сретне со граѓаните погодени од земјотресот во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот