Агелер и Петровска ќе ги посетат учесниците на вежбата „Храбар партнер 23“ на Криволак

Министерката за одбрана Славјанка Петровска оствари прва средба со амабсадорка на САД Анџела Агелер/ ФОТО - МИА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер денеска на Криволак ќе ги посетат 180-те припадници на американската Армија за Европа и Африка, кои со поддршка на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија ја реализираат вежбата „Храбар партнер 23“.

Најавено е присуство и на бригадниот генерал Патрик Елис, заменик-шеф на штаб на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.

Во рамки на вежбата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе биде изведено гаѓање од оклопни транспортери од типот „Stryker“, што е значајно имајќи предвид дека согласно Планот за модернизација, Армијата ќе се опреми и со ваков тип на оклопни транспортери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот