Африка надмина 10.000 случаи на заразени од коронавирус

Фото: EPA-EFE/ISRAEL OPHORI

Најголем број се заразени во Јужноафриканската Република – 1.686, од кои 12 смртни. Алжир и Египет се следните, со 1.423 и 1.322 заразени.

Бројот на заразени со Ковид-19 во Африка достигна до 10.075 случаи, од кои 487 смртни, соопшти на Твитер Африканскиот центар за контрола и спречување болести.

Од сите 55 држави-членки на Африканскиот сојуз, 52 пријавија случаи на заразени. Поголем број, повеќе од 4.500, се граѓани на држави од Северна Африка.

Најмал број заразени, 861 случај, се регистрирани во источниот дел на континентот.

Најголем број се заразени во Јужноафриканската Република – 1.686, од кои 12 смртни. Алжир и Египет се следните, со 1.423 и 1.322 заразени.

Алжир има најмногу смртни случаи – 171. Во Египет има 85, а во Мароко 80.

Во моментот, Лесото и Коморските острови, кои се членки на Африканскиот сојуз, немаат регистрирани случаи на заразени со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот