АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Д-р Андоновски советува како да ги заштитите децата

Скопјани денеска дишат малку почист воздух, за разлика од претходните денови. Дождот го намали високото ниво на аерозагадувањето. Во Институот за белодробни заболувања кај децата, односно болницата во Козле, сè повеќе родители бараат совети, прашувајќи ги лекарите како да ги заштитат децата од загадениот воздух. Медициснкиот директор на Козле, доктор Ангелчо Андоновски, во изјава за „Слободен печат“ вели дека загадениот воздух кај децата предизвикува ларингит, опструкции.

– Најбитно е децата постојано да се носат на места богати со кислород, во текот на неделата, бидеќи тие при вдишувањето ги внесуваат честитките кои се присутни во воздухот. Сè повеќе вентилации и поголемо количество на кислород, значи дека нема да дојде дојде до оштетување на белодробието. Повеќе внесување на течности, витамини, минерали и здрава исхрана во овој период – советува доктор Андоновски.

Во Козле, во овој период од годината, се згрижуваат од 70 до 75 деца, 80 отсто од нив се со респираторни заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот