Аеродромци ќе добијат нов паркинг во близина на „Мајчин дом“

Фото: Општина Аеродром

Започнаа градежните активности за изградба на нов паркинг зад „Мајчин дом”, кој, како што информираат од Општина Аеродром, ќе се простира на површина од 1300 квадратни метри; На паркингот ќе можат да се паркираат околу 60 возила, со што, според локалната власт, се решава уште еден важен проблем на граѓаните од овој дел на општината. Инвестицијата опфаќа асфалтирање на целиот простор, уредување на околното зеленило и партерно уредување на околниот простор.

Со градежната офанзива која отпочна во 2023, а ќе продолжи во текот на пролетта, аеродромци ќе добијат нови паркинг места, сообраќајници, пешачки патеки и ред други инвестиции во подобрување на инфраструктурата и условите за живот – велат од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот