Адер потврди, парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 3 април

Фото EPA-EFE/MARTON MONUS HUNGARY OUT

Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 3 април, соопшти денеска унгарскиот претседател Јанош Адер, кој датумот го објави во соопштение објавено на неговата веб-страница, пишува Ројтерс.

Премиерот Виктор Орбан, за кого овие избори за првпат по подолго време ќе бидат неизвесни, од избирачите ќе го бара четвртиот мандат, откако од 2010 година суверено владее со Унгарија.

Меѓутоа, на овие избори на Орбан за првпат ќе му се спротивстави здружена опозиција, со единствен кандидат.

Во анкетата од крајот на декември, здружената опозиција ја задржа предноста од три проценти во однос на владејачката партија Фидес, на премиерот Орбан.

Орбан (58) на 3 април ќе се соочи со обединета опозиција во која се наоѓаат Демократската коалиција, социјалистите, либералите и партијата Јобик, поранешна крајна десница, а сега централно-десничарска партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот