Адеми стана рекордер по број на настапи во историјата на дербито Динамо – Хајдук

аријан адеми
Аријан Адеми („Динамо Загреб“)/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денеска во дербито на хрватскиот фудбалски шампионат во 19 коло меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит немаше голови (0:0).

За Динамо целиот меч го одигра поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски, како и капитенот на клубот Аријан Адеми.

Инаку, Адеми стана рекордер по бројот настапи во историјата на ова дерби, односно ова му беше 37 настап против клубот од Сплит во сите официјални натпреварувања во историјата и така на вечната листа го прескокна поранешниот капитен на екипата Дражен Ладиќ кој запиша 36 настапи.

На спротивната страна на клупата за резервни играчи остана Александар Трајковски.

На табелата води Хајдук Сплит со 41 бод од 19 натпревари, додека третопласиран е Динамо Загреб со 34 бодови од 17 натпревари. Меѓу овие две екипи на второто место е Риека со 35 бодови од 18 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот