АБА 2 лига: Македонскиот репрезентативец Симиќ втор стрелец во триумфот над Осиек

Теодор Симиќ е на позајмица во Борац Бања Лука од Игокеа/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Заврши и второто коло оваа сезона во АБА 2 лигата, до својата втора победа стигна екипата на Борац Бања Лука која со 81:70 триумфираше над Осиек од Хрватска во рамките од првиот турнир во Златибор, Србија.

Втор стрелец за босанскиот тим беше Теодор Симиќ кој постигна 12 поени за скоро 18 минути игра. Истиот учинок го имаше и Американецот Џерон, додека поефикасни од нив беа само Србинот Ланговиќ кој запиша 31 кош и девет скока.

На спротивната страна прв стрелец беше Токиќ со 17 поени, пет помалку имаше Босанецот Врањеш.

Потсетување дека македонскиот репрезентативец Симиќ е на позајмица во Борац Бања Лука од редовите на босанската Игокеа.

Освен Борац Бања Лука две максимални победи остварија уште Златибор, Сутјеска, Хелиос Домжале, Крка Ново Место и битолски Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот