АА: ДУИ се дволични, пред Албанците се патриоти, пред Македонците граѓани без идентитет!

Алијанса на Албанците/ Фото: Архива на Слободен печат

Опозициската Алијанса за Албанците (АА) на Зијадин Села ja обвини ДУИ на Али Ахмети за дволичност. Според партијата на Села, ДУИ кога оди по населени места каде живеат Албанци се претставува како патриотска партија, додека по реакците на партиите на Македонците, се дистанцира и се претвара во граѓанска партија.

– Изјавата на министерот на ДУИ, Бујар Османи од инаугурацијата на споменикот на ОВК во кумановско Слупчане претставува навреда и понижување на славата на ОВК, посебно кога оваа изјава доаѓа од тие кои инсистират дека ја имат ексклузивноста за настаните од 2001 година. Бујар Османи во својот говор ја покажа дволичноста на политички клан кој веќе две децении ги води Албанците во Северна Македонија, клан кој не познава никакви граници на однесување. Ова не е првпат функционери на ДУИ кога одат по населени места на Албанците да им се продаваат како патриоти, додека, кога се враќаат во Скопје, по реакциите на партиите на Македонците, да се дистанцират и да се продаваат како граѓани без идентитет, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот