Во Бугарија се гласа, четврти парламентарни избори за 18 месеци

народно собрание бугарија фото МИА

Во Бугарија денеска се оддржуваат нови предвремени парламентарни избоир, четврти во последните две години.

Изборниот ден почна во 7 часот утринава, а ќе заврши во 20 часот, не подоцна од 21 часот, доколку има гласачи кои не го оставриле своето гласачко право, а биле пред избирачките места.

На овие четврти парламентарни избори во Бугарија во последните 18 месеци учествуваат 29 партии и коалиции. Право на глас имаат 6.600.000 граѓани.

Според сите набљудувачи на политичките процеси во Бугарија, излезноста на гласачите ќе биде клучна. Први гласаа бугарските државјани во Австралија и Нов Зеланд, а последни ќе гласаат Бугарите во Сан Франциско и Калифорнија, САД, што ќе биде шест часа по затворањето на избирачките места во Бугарија.

Ова се трети парламентарни избори на кои се гласа и машински, а државата обезбеди 9369 гласачки места со гласачки машини. Во 2.785 гласачки места ќе се гласа со традиционалните гласачки ливчиња. Бројот на машини за Бугарија е 10.474, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Бугарија.

Во 62 семји низ светот Бугарите ќе гласаат во 755 гласачки места. Во Турција има најмногу -166 избирачки места, во Северна Македонија бројката е поголема од претходните избори – седум, откако гласачко место за првпат беше отворено и во Велес.

Техничкиот премиер Голуб Донев веќе гласаше и притоа кажа дека гласал за тоа новото Народно собрание да има стабилно парламентарно мнозинство.

Христо Иванов, копретседателот на „Демократска Бугарија”, изјави дека на неговата земја и е потребна вистинска, храбра, реформска влада која може да се справи со предизвиците со кои се соочува. Тој додаде дека нивните приоритети и политики се против Владимир Путин и неговата агресија во Украина и се за разумна даночна политика и судски реформи во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот