43 годишник демолирал училиште во Пробиштип, а на вработените им се заканувал со секира

Секира/илустрација / фото: negativespace.co

По издадени судски наредби полицијата заедно со специјалната антитерористичка единица Тигар вчера извршила претреси на пет локации во Пробиштип и на една локација во Штип. Притоа од слобода е лишен Љ.Н. (43) од Пробиштип.

Како што информира денеска МВР, Љ.Н. на 21 декември 2023 околу 13 часот со секира влегол во училишниот двор на Средното општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените.

Тој со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето. Уништувал предмети и инсталации во ходниците на училиштето и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката на училиштето.

Потоа Љ.Н. влегол во зградата на Центарот за социјални работи во Пробиштип каде упатувал закани по животот на вработените.

„Против Љ.Н. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, а се преземаат и дополнителни мерки во врска со овој случај“, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот