ФОТО | 36 туристи по глава на жител: Знаете ли каде има најголема гужва во текот на летото?

Дубровник-Фото: Пекселс/ luciann-photography

Луѓето се желни за патување повеќе од кога било, особено откако беше објавен крајот на пандемијата. Затоа не е чудно што голем број луѓе планираат да ги посетат популарните туристички атракции ова лето. Реки од луѓе ќе се слеваат на улиците на Париз и Рим или ќе го гледаат зајдисонцето на волшебниот Санторини.

Но, дали знаете кој европски град има најмногу туристи според бројот на локални жители во лето? „Холиду“ (Holidu), компанија за туристичка технологија која е специјализирана за олеснување на пребарувањето и резервирањето сместувања за одмор, тврди дека тој град е во Хрватска, пренесува „Пункуфер“.

Иако некои други европски дестинации ги посетуваат поголем број луѓе, истражувањето на „Холиду“ откри дека најголем број на туристи според бројот на жители има во Дубровник. За секој човек кој живее во Дубровник доаѓаат дури 36 туристи!

Дубровник-Фото: Пекселс/ diego-f-parra

На листата на Холиду на 10 најпреполни градови во Европа во лето, има по двајца претставници од Италија (Венеција на второ и Фиренца на 6 место) и Грција (Родс на 4 и Ираклион на 7 место) . На листата се најдоа и градови од Белгија, Исланд, Холандија, Ирска и Естонија.

Венеција- Фото: Пекселс/pixabay
Бриж, Белгија- Фото: Пекселс/ viktor-mogilat

Во остатокот од текстот погледнете за кои градови станува збор и колку туристи доаѓаат по глава на жител.

Најпреполните градови во Европа во лето според истражувањето на Холиду:

  • Дубровник, Хрватска, 36 туристи по глава на жител
  • Венеција, Италија, 21 турист по глава на жител
  • Бриж, Белгија, 21 турист по глава на жител
  • Родос, Грција, 21 турист по глава на жител
  • Рејкјавик, Исланд, 16 туристи по глава на жител
  • Фиренца, Италија, 13 туристи по глава на жител
  • Ираклион, Грција, 13 туристи по глава на жител
  • Амстердам, Холандија, 12 туристи по глава на жител
  • Даблин, Ирска, 11 туристи по глава на жител
  • Талин, Естонија, 10 туристи по глава на жител

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот