23 лица загинаа во Пакистан откако автобус падна во провалија

Сообраќајна несреќа / Фото: EPA-EFE/Stringer

Најмалку 23 лица загинаа денеска во пакистанскиот дел на Кашмир откако автобус се излизгал од планински пат и паднал во длабока провалија, соопшти полицијата.

-Несреќата се случила во областа Пуландри, во хималајската област Кашмир, изјави високиот полициски функционер Фајаз Абаси, пренесен од американските медиуми.

Абаси изјави дека неколку повредени патници во несреќата се пренесени во блиската болница. Не е јасно што ја предизвикало несреќата, а полицијата стравува, како што се наведува, дека бројот на загинатите патници може да се зголеми, бидејќи дел од повредените патници се во критична состојба.

Сообраќајните несреќи се вообичаени во планинскиот дел на Кашмир и на други места во Пакистан, а тие често се припишуваат на лошо одржуваните возила и патишта, како и на широко распространето непочитување на сообраќајните правила.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот