1МФЛ: Интересна е трката за титулата, Шкупи на два бода од Струга, Шкендија подобра од Академија Пандев

Фото: ФК Шкупи

Нови четири натпревари денеска беа одиграни во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), екипата на Струга Трим Лум ремизираше без голови (0:0) со Македонија ЃП. Тоа е веќе четврто реми за играчите на Струга Трим Лум во последните пет мечеви во шампионатот.

Шкупи дојде до 12 победа сезонава откако со 3:1 на домашен терен го совлада Работнички. Во 11 минута клубот од Чаир дојде во водство преку Бајрами, само 180 секунди подоцна Мазари се погрижи за израмнување.

Куевен ја врати позитивата на актуелниот шампион во 33 минута, а конечниот епилог го постави Сефас (38`).

Шкендија го запиша третиот триумф на последните четири лигашки средби, со 2:1 играчите на Ќатип Османи го надиграа составот на Академија Пандев. Двоен стрелец за тетовските „црвено-црни“ бече Чинари во 31 и 45 минута. Единствениот погодок за „пандевци“ го реализираше Ергемлидзе (65`).

Најубедлива беше Брегалница Штип која со 4:0 ја преслуша прилепска Победа. Двапати во листата на стрелците се запиша Николов (61`, 67`), а претходно во првото полувреме гол серијата ја започнаа Додев во третата и Мојсов во 11 минута.

Табела: Струга Трим Лум 43 бодови, Шкупи 41, Шкендија 38, Силекс 35, Брегалница Штип 32, Тиквеш 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот