Зверев повторно обвинет за семејно насилство

Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Германскиот тенисер, Александар Зверев повторно е обвинет за насилствово семејството.

Како што пренесуваат германските медиуми, судот во Берлин започна нова постапка против тенисерот, а сега го обвини Бренда Пате со која има ќерка.

Манекенката се породи во Германија, но веќе изјави дека не сака да го расте детето со тенисерот кого го обвини за физички и психичко малтретирање. Зверев претходно веќе беше под истрага поради насилство во семејството, а го обвини неговата поранешна девојка Олга Шарипова, но во тој случај доби ослободителна пресуда поради „недостаток на докази“.

Иако не е познато за што точно се работи, се наведува дека пријавата за таков налог значи дека јавниот обвинител има доволно сомнежи кон Зверев. Ако судот одлучи да го казни, 26-годишникот ќе има две недели да поднесе приговор.

Засега од таборот на Зверев не се огласиле со коментар за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот