Зошто празниците се омилен период за водење љубов?

Фото: Pexels/ cottonbro studio

Истражување откри дека пребарувањето на теми за секс на интернет, достигнува врв за време на големи културни и религиозни прослави ориентирани кон семејството ширум светот. Со помош на„Гугл трендс“, истражувачите сакале да откријат колку често луѓето го бараат зборот „секс“ и забележале дека тој очигледно се зголемува околу празниците.

Но, зошто потребаа и интересот за секс се зголемува во празничниот период? Постојат неколку причини зошто празниците се омилено време за секс за многумина.

Повеќето луѓе се на одмор

Во текот на годината, повеќето од нас работат, а кога ќе се вратиме дома, главно сме премногу уморни за акција. Сепак, за време на празниците најчесто паузираме од работа, поопуштени сме и имаме дополнително време на располагање.

Исто така, многу луѓе патуваат за време на празниците, а познато е дека одморите и патувањата, како пауза од вообичаеното, ја зголемуваат сексуалната активност на паровите. Секако, има и такви на кои празниците им се радост и релаксација, додека за други се многу стресни. Интересно е и тоа што стресот може да ја намали сексуалната желба кај некои луѓе, додека во исто време има луѓе кои стресот го решаваат – со секс. Колку луѓе, толку темпераменти.

Време за гушкање и разменување нежности

За време на празниците сите повеќе се бакнуваме, а во студените денови се гушкаме. Иако нема многу истражувања за овој социјален феномен, експертите објаснуваат дека сезоната на гушкање има смисла бидејќи не само што физички не загрева кога надвор е студено, туку и дава удобност и ни го подигнува расположението.

Темните, студени ноќи може да предизвикаат интензивни чувства на осаменост и пад на серотонин, но гушкањето со саканата личност природно го стимулира производството на серотонин, хормон што нè прави среќни.

Зимата ја зголемува сексуалната привлечност

Едно истражување за рејтингот на женската привлечност по сезона покажа дека мажите ги сметаат женските тела попривлечни во зима отколку во лето, и покрај тоа што носат повеќе облека отколку во летните месеци.

Психолозите го објаснуваат ова со фактот дека жените носат посекси, пооткриена облека во лето, а во зима се покриваат во повеќе слоеви. Поради ова, стандардот за споредба на телото е многу поголем кога надвор е потопло (бидејќи сите покажуваат многу кожа), па концептот на сексуалност е поставен на повисоко ниво. И како што покажуваме помалку кожа во зима, толку помистериозното станува повозбудливо.

Чувство на носталгија

Има нешто носталгично во празничниот дух. Овие сентиментални чувства можат да ја зголемат желбата да се чувствувате повеќе поврзани и романтични, што вклучува поголема интимност. Психолозите го нарекуваат „феномен Халмарк“, објаснувајќи дека постои причина зошто луѓето се „опседнати со божиќните филмови“ – затоа што празниците ги прават луѓето да чувствуваат љубов, добрина и носталгија.

Почнувате да размислувате за новогодишните одлуки

Еден фактор може да бидат предновогодишните одлуки каде што паровите се навраќаат на претходната година и сакаат да посветат дополнително внимание на нивната врска, која може да вклучува повеќе секс.

Сите сакаат да ја завршат годината што поубаво и позитивно, па ветувањата од типот: „Почесто ќе водам љубов…“ се на листата на приоритети.

За паровите чиј сексуален живот е на втор план, давање приоритет на интимноста – без разлика дали е интимност или секс – може да им помогне да се чувствуваат поблиски. Освен тоа, галењето, бакнувањето или сексот (особено со оргазам) го стимулираат телото да го ослободи хормонот окситоцин, познат и како хормон на љубовта, поради што луѓето се чувствуваат повеќе поврзани со партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот