Златан е Златан: Освен Мбапе има уште неколку одлични млади играчи, тука е Халанд, но и Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ на секој натпревар покажува дека и со 40 години е еден од најдобрите напаѓачи на светот/ фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Златан Ибрахимовиќ и на 40 години покажува дека сè уште е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, прави разлика на натпреварите и со тоа сè уште е во центарот на вниманието.

Но, интересот на јавноста освен со добрите игри, Ибрахимовиќ го привлекува и со своите изјави, а тоа го демонстрира во интервјуто за „Франс фудбал“ во кое зборуваше и за Килијан Мбапе.

Тој смета дека напаѓачот на ПСЖ не работи доволно добро и дека му е потребен некој кој ќе му зборува дека не е доволно добар за да може да напредува.

– Го сакам Мбапе, но не работи доволно. Може да стане толку добар само доколку се дава максимум на секој тренинг. Мора да почувствува крв, да оди по оган и покрај себе да има луѓе кои ќе му зборуваат дека не е доволно добар и дека може да биде уште подобар. Дури тогаш ќе може да надмине некои легенди – вели Ибрахимовиќ.

Напаѓачот потоа зборуваше и за уште еден млад напаѓач, Ерлинг Халанд, и притоа не пропушти да каже нешто во свој стил.

Мбапе сигурно е меѓу најдобрите на светот. Има уште неколку играчи кои долго време се во врвот, а се уште се млади. Тука е и Халанд, но и Ибрахимовиќ. За останатите не треба да зборуваме. Сакам на сите да им покажам дека се уште можам да го работам тоа што го сакам и дека 40 е само бројка. Не можам да играм како пред пет или десет години, но сега на теренот сум попаметен и поискусен – поентира Златан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот