Ѕирнете во луксузниот дом на Новак и Јелена Ѓоковиќ проценет на 9 милиони долари (ФОТО)

профимедиа

Ова удобно катче како од соништата е идеален простор за повеќечлено семејство.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во 2017 година купи фантастичен дом со прекрасен поглед на океан.

Новак Ѓоковиќ пред две години купи луксузен стан со поглед на плажата во Мајами, каде таа година требаше да учествува на турнеја.

Овој неверојатен објект се наоѓа во стамбениот комплекс „Eighty Seven Park“ на обалата на Мајами Бич. Совршено е за семеен живот. Има три спални соби, три бањи… Прозорите се од подот до плафонот и Ноле со семејството може да ужива во спектакуларниот поглед на Атланскиот океан, заливот, паркот и градот. На располаѓање им се и два приватни базени, спа центар, сауна, фитнес центар, бар…. Комплексот го проектираше славниот архитект Ренцо Пјано.

– Бев воодушевен со неверојатна услуга, ексклузивниот пристап до паркот, панорамскиот поглед на копното и морето… Моето семејство ќе има совршен живот овде. Воодушевен сум од дизајнот на оваа зграда, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ овој стан го чинел 8,9 милиони долари.

Квадратурата на становите во комплексот се движи од 130 до 650 квадратни метри.

Цените се движат од 1,6 до неверојатни 45 милиони долари за пентхаус.

профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот