Жртвите кои биле сексуално злоупотребени од работници на СЗО, треба да добијат значителен надомест

Епидемија на ебола во ДР Конго / Фото: Профимедиа

Жртвите кои биле сексуално злоупотребени од некои работници на СЗО во Конго за време на епидемијата на ебола во 2018 година треба да добијат „значителен” надомест.

Копретседавачката на Независната комисија, Жилиен Лизанж, која истражува случаи на злоупотреба, рече дека е „од суштинско значење” водечкото здравствено тело на Обединетите нации да изготви работен план за обесштетување на жените и девојчињата кои се жртви на злоупотреба.

Во извештајот објавен оваа недела, Независната комисија утврди дека 21 сторител на злосторства, вклучително и силување, работеле за СЗО.

„По силувањето, 29 жени забремениле, а некои подоцна биле принудени да абортираат по наредба на силувачот”, се додава во извештајот.

Лизанж и членовите на Независната комисија ја повикаа СЗО да направи план со кој би се исправила неправдата кон жртвите кога ќе заврши истрагата.

„Затоа, сега чекаме СЗО да обезбеди значителна репарација”, изјави Лизанж за „Гардијан”.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот