Мурињо е нејзина опсесија: Оваа Британка на себе има 38 тетоважи кои се посветени на „Специјалниот“! (ФОТО)

‏Постојат навивачи, постојат верни навивачи, а постојат и оние кои се опседнати со своите идоли. Една од последната категорија е Британката Вув Бодикот која е едноставно луда по Жозе Мурињо.

Фото: Принтскрин

Оваа 62-годишна пензионерка неодамна ја истетовира 38-та тетоважа од Португалецот на себе. Нормално, посветена е на тоа што Мурињо го презема Тотенхем пред една недела, па веќе и се почастила и со нова тетоважа.

Фото: Принтскрин

За три години потрошила околу 2.000 фунти за тетовирање на Мурињо.

– Дефинитивно вреди, бидејќи го обожавам. И подготвена сум да потрошам и повеќе, веќе смислувам што наредно ќе направам, изјави за „The Sun“ кој беше на лице место додека се тетовираше. Сите фотографии и видеа можете да ги погледнете ОВДЕ.

Вив напомена дека првата тетоважа ја направила во 2017 година кога „Специјалниот“ се врати во Премиер лигата,  по Челзи во Манчестер јунајтед. Таа додаде дека „Црвените ѓаволи“ се однесувале лошо со Мурињо и дека тој не заслужил таков третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот