Жоао Феликс пред трансфер во Барса, Ансу Фати на позајмица во Брајтон

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс пристигна во Барселона за да го официјализира својот трансфер во каталонскиот клуб. Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Челси, Феликс се врати во Атлетико Мадрид, но набрзо реши да ја промени средината. А заедно со Фати, според новинарот Фабрицио Романо во Барселона треба да пристигне и Жоао Кансело.

Трансферот во Барса би претставувал нов почеток за талентираниот играч, кој последните неколку години ги мина во потрага по идеалното место за негов развој. Жоао Феликс верува дека Барселона ќе биде вистинската средина во која ќе го потврди статусот на врвен играч.

Оваа желба на португалскиот репрезентативец сега се остварува, а трансферот треба да биде финализиран пред крајот на преодниот рок кој истекува на полноќ. Шпанските медиуми ја истакнаа потребата од финансиски фер-плеј за да се реализира трансферот, но Барселона го увери Феликс дека нема да има пречки на тој план.

Воедно Барселона потврди дека Ансу Фати до 30 јуни 2024 година ќе игра како позајмица во редовите на Брајтон.

Премиерлигашот нема да го има правото да го откупи договорот на Фати и воедно „Галебите“ се обврзаа дека ќе исплаќаат 80% од платата на Фати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот