Живко Мукаетов од Алкалоид на 38. место во регионот по богатството

Живко Мукаетов

Во своето празнично неделно печатено издание Недељник.рс ја објавува комплетната листа од 100 најбогати луѓе во регионот.

Листата на 100-те најбогати во регионот ја составија експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Тие ги користеа најавторитетните множители од Stern School of Business New York University (и компаративните компании) и ги вклучија во анализата резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Во првиот дел на листата на милијардери од регионот, на 18. место се најде бизнисменот од Кавадарци Илија Гечев, сопственик на ИГМ Трејд чие богатство се проценува на милијарда и 60 милиони евра.

На листата објавена денеска од 31-то до 40 место, но на милионери се најде бизнисменот Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД Алкалоид од Скопје. Неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра и тој е на 38. место.

Во овој дел од листата на 100 најбогати во регионот, доминираат бизнисмени од Хрватска и Србија но има и една бизнис империја од БиХ, семејството Хастор.

Листата на најбогати во регионот/Фото: Недељник.рс

-Со оваа листа не сакавме да покажеме колку пари имаат овие бизнисмени во моментов. Она што го покажуваме е колку вредат нивните компании и колку пари би можеле да добијат ако, да речеме, денес се продаваат, напоменува Недељник.

Листата на 100-те најбогати во регионот е реализирана во соработка со водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакаше да остане анонимна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот