Жител на Сопиште прегазен од товарно возило

Педесет и две годишниот Т.К. од скопското село Сопиште здобил тешки телесни повреди, откако бил прегазен додека товарел товарно моторно возило во близина на неговата куќа.

Според пријавата до полицијата, во еден момент возилото само се придвижило, а повредениот, во обид да го сопре, паднал и со задното тркало бил прегазен.

Веднаш по несреќниот настан, тој бил транспортиран до Ургентниот центар во рамки на скопскиот клинички центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот