Жените наскоро ќе можат да се бањаат топлес во јавните базени во Берлин

Фото: Pexels/Somewherewith Tom

Наскоро на жените ќе им биде дозволено да пливаат топлес во јавните базени во Берлин, Гермија по одлука на градските власти. Одлуката е донесена откако една жена, која била исфрлена од јавен базен поради сончање топлес, покренала правна постапка, објави „Би-би-си“.

Во декември минатата година, нешто слично ѝ се случило и на друга жена во затворен базен, која иако не била избркана од просторот, од неа било побарано да се покрие. Властите се согласија дека дотичните жени биле жртви на дискриминација и рекоа дека сите посетители на берлинските базени отсега ќе имаат право да се бањаат во костими за капење без горен дел.

Одлуката секако ќе биде поздравена од сите кои се залагаат за она што во Германија е познато како „frei korperkultur“ или слободна телесна култура. Странците кои престојуваат во Германија често се изненадени, а понекогаш и целосно збунети, од глетката на голи Германци.

Германија е земја која ја смета јавната голотија во некои средини за соодветна и здрава. Но, прашањето дали и колку голотијата треба да биде дозволена во јавните базени ги мачи локалните власти.

Минатото лето, Гетинген во Долна Саксонија и Зиген во Северна Рајна-Вестфалија им дозволија на жените да пливаат топлес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот