Жената која живееше 122 години, ги јадела овие три намирници секој ден

Фото: Wikimedia Commons/Flickr

Британската компанија Eden’s Gate спровела истражување за најстарите луѓе во светот за да открие што им помогнало да живеат долго.

Тие проучувале шест лица кои имале повеќе од 100 години. Секако, исхраната, стресот и социо-економскиот статус имале улога во тоа колку долго живееле овие рекордери. Споменатата компанија изјавила дека Французинката Жан Луис Калмент била најстарата личност на светот – живеела 122 години. Во една прилика навела кои три намирници ги јадела секој ден:

Фото: Wikimedia Commons

Чоколадо

Го јадела по секој оброк. Иако некому може да им делува чудно, чоколадото има многубројни здравствени придобивки. Истражувањата покажаа дека е корисно за срцето, дека помага во борбата против ракот и заразните болести кои го нарушуваат имунолошкиот систем.

Фото: Wikimedia Commons

Маслиново масло

Американското здружение за здравје на срцето (АХА) наведува дека маслиновото масло, меѓу другото, содржи витамин Е и го намалува нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Со самото тоа, ризикот од срцеви заболувања е помал. Резултатите од истражувањето покажаа дека консумирањето големи количини маслиново масло е поврзано со подолг живот. Лекарите советуваат да го користите наместо маргарин и мајонез.

Фото: Flickr

Вино

Калмент навела дека особено сакала да пие порто, црвено вино кое се прави во Португалија. Многу луѓе го консумираат овој вид на вино како дел од медитеранската исхрана, која е прогласена за најздрава за организмот. Секако, важно е да консумирате умерена количина, не повеќе од една чаша дневно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот