Жена може да биде нов тренер на Ѓоковиќ?!

Фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Веќе неколку дена се шпекулира кој би можел да биде нов тренер на Новак Ѓоковиќ, а сега во српските медиуми се појави сензационална најава.

Наводно, две жени се во „битка“ за пополнување на таа позиција, а популарниот Ноле би можел да бира меѓу Амели Морезмо и Кончита Мартинез, пишува српски „Курир“.

Се наведува дека причината за ваква одлука е што тоа би донело сосема поинаков однос меѓу тренерот и играчот. На светскиот рекет број еден во оваа фаза од кариерата му треба мир и трпение, а не изливи на гнев и нервоза.

Да потсетиме, Ѓоковиќ неодамна ја прекина соработката со тренерот Горан Иванишевиќ, а моментално работи со Ненад Зимоњиќ и уште неколку луѓе од тенискиот свет.

Изненадување во Мајами: Димитров со фантастична игра го прегази Алкараз!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот