Жељко Бебек: Сопругата ја запознав кога таа имаше 18, а јас 52 години

Жељко и Ружица Бебек
Жељко и Ружица Бебек / Фото: Фејсбук, Жељко Бебек

Музичарот Жељко Бебек и неговата сопруга Ружица се запознаа пред 25 години, кога таа имаше 18, а тој 52 години. Разликата во годините не им беше пречка да изградат складен брак, а на оваа тема тие проговорија за хрватската емисија „Ин магазин“.

„Таа промени сè со тоа што влезе во мојот живот“, вели 77-годишниот Жељко, додавајќи дека се промениле еден со друг на подобро.

„Жељко некако ме обликуваше. Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и преку некое заедничко дружење сфативме дека сме вистински еден за друг“, вели 43-годишната Ружица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)

„Без разлика што таа беше млада и уште немаше завршено факултет, или што бев искусен волк во кариерата на рокенролот, јасно беше дека доволно омекнав за да почнам да гледам поинаку на животот“, сподели музичарот.

„Таа е вистинската. Да ме сретнеше кога имав 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години. Но, таа тогаш не наиде, туку се роди кога ја објавив песната ‘Битанга и принцеза’. Некаде во повисоките сфери беше одлучено дека мора да се сретнеме“, објасни Бебек, а неговата сопруга додаде дека на нивната прва средба се почувствувала искра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)


Сепак, на самиот почеток на нивната врска многумина не веруваа дека таа ќе потрае.

„Сите ни предвидуваа: ‘Тоа ќе трае месец, два, три, па ќе пукне, секако дека ќе пукне’, но ние бевме посилни од тие гласини. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, кога сè уште се слушавме на фиксен телефон, кога ми се јавуваше дома или ми испраќаше разгледници од патувањата. Тоа беа долги телефонски разговори, а по некое време сфативме дека така ни се допаѓа“, се присети Ружица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)


Многумина се сомневаа во нивната љубовна приказна бидејќи Жељко е 34 години постар од Ружица.

„Ние влеговме во врската затоа што чувствувавме дека ќе можеме да успееме, дека сигурно ќе успееме да најдеме соработка и голема љубов. Немаше силни критики, но критиката се појавуваше низ прашањето: ‘Како вие двајца?’. И сега, по нашите 25 заеднички години, насловите во весниците се: ‘Жељко Бебек и неговата 34 години помлада сопруга’. Па, јас сум со него 25 години, не сум два месеци па тоа да биде бомбастична вест. Толку помлада, па што зошто толку помлада. Јас сум со него 25 години, тоа воопшто не е важно, годините се само бројка“, вели Ружица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)


Сепак, таа отсекогаш ја имала поддршката од нејзините родители кои брзо ја прифатиле нејзината врска со музичарот.

„Жељко сакаше да му каже на тато, но тие прифатија, сè испадна најдобро. Моите родители многу ни помагаа кога децата беа мали. Секогаш многу патувавме, а децата беа со нив. Мислам дека сè излезе како што треба, се присети Ружица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)


Жељко и Ружица Бебек се 25 години заедно, од кои 21 година се во брак. Едноставно, тие се неразелни, што, според нив, е рецептот за хармоничен брак.

„Ние живееме таков живот што секогаш сме заедно во друштвото и ако се случи случајно да стигнам некаде пред Ружица, сите прашуваат: ‘Каде е Ружица?’. Ние сме неразделни во сите ситуации – си легнуваме во исто време, стануваме во исто време, споделуваме сè заедно. Мислам дека правилото е дека бракот во кој луѓето се врзани и посветени еден на друг секогаш ќе успее“, вели Бебек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот