Жан Митрев: Со прочистување на крвта досега излечивме 25 пациенти со изразени симптоми на Ковид-19 (ВИДЕО)

Со примена на еден нов концепт на хемофилтрација, прочистување на крвта досега во клиниката „Жан Митрев” се излечени 25 пациенти кои биле во тешка состојба.

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

„Сите примени пациенти беа со изразени симптоми на ковид инфекција. Нашиот концепт на лекување подразбира прво следење на инфективните параметри, го одредуваме инфламаторниот индекс на тој пациент и одиме на хемофилтрација прочистување на крвта за 24 или 48 часа, а за некои пациенти во тешка состојба прочистувањето трае и подолго. Досега се третирани 25 пациенти со индикација да се стават на респиратор, што со примена на овој метод го избегнавме. Повеќе од половината од пациентите се веќе дома, а другите се во фаза на опоравување.

Оваа техника на која ние пристапуваме дава одлични резултати, резултатите се евиденти. Загрижувачки е тоа што имаме се повеќе млади пациенти. Ова е тешка болест, многу агерсивна и досега во светски рамки нема концепт како треба пациентите да се третираат. Се работи за навистина сериозна болест. Ова е еден концепт кој за сега дава охрабрувачки резултати за тешко болни пациенти пред интубација. За оваа метода наскоро ќе објавиме и по познатите зветски научни портали“, изјави д-р Митрев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот