„Жаби“ од Аристофан со стриминг во живо од Античкиот театар во Епидаур

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Додека светот сè уште се бори со пандемијата и истражува нови начини за повторно активирање на театарот во ерата на ковид-19, Атинскиот фестивал во Епидаур ја поканува меѓународната публика во најубавиот театар од античкиот свет на директен пренос на ремек-делото од Аристофан насловено „Жаби“ во режија на реномираната режисерка Аргиро Кјоти која ќе го има своето деби во Античкиот театар во Епидаур.

Претставата вклучува екипа на познати грчки театарски актери и оригинална музичка придружба.

По минатогодишниот успешен пренос во живо на претставата „Персијците“ од Националниот театар на Грција, која ја следеа над 100.000 гледачи ширум светот, „Жаби“ ќе може да ја следите во живо на 10 јули во 21:00 часот по атинско време (GMT +3) со поддршка на Министерство за култура и спорт во соработка со „Гугл“ Грција.

Перформансот ќе биде достапен ширум светот (со исклучок на Грција) преку livefromepidaurus.gr и на официјалниот канал на Фестивалот на „Јутјуб“, бесплатно, иако секоја донација е добредојдена.

Претставата ќе биде на грчки јазик со превод на англиски и ќе трае приближно 1 час и 45 минути.

Напишано во 405 година п.н.е., на крајот на Златното доба на Перикле, „Жаби“ е безвременско и едно од најсаканите ремек-дела на Аристофан. Богот Дионис очаен заради состојбата со трагичката уметност во Атина, тргнува во Адот за да го врати поетот Еврипид назад во живите. Тој започнува со потрагата да го врати најдобриот поет на трагедии во светот на живите, во обид да ја врати славата на театарот. Благодарение на оваа претстава, која кулминира со сцената на поетскиот „дуел“ помеѓу Есхил и Еврипид, Аристофан дава остар коментар за банкротираните политички вредности на своето време. Прекрасен скапоцен камен од авторот чие дело останува релевантно засекогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот