ЗЕМЈОТРЕС од 5,1 степени по Рихтер почувствуван во централна Босна

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотресот со интензитет од 5,1 степени по Рихтеровата скала, ја погоди попладнево централната област на БиХ и се почувствува и во Сараево.

Епицентарот се наоѓал на 85 километри северозападно од Сараево – на 14 километри од Турбет, во централна БиХ, на длабочина од 5 км.

Цивилната заштита на кантонот Тузла соопшти дека засега нема информации за жртви или материјална штета врз објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот